Безглутенска пица иста како од пицерија

Рецепт за безглутенска пица
Овој рецепт за безглутенска пица ќе ги израдува сите безглутенци љубители на пица затоа што е иста како од пицерија.
⏱Време на подготовка : 60 минути
🍴Сервирање : 4 лица
Потребни состојки за пица без глутен
Тесто за пица
- 300 гр.вода
- 150 гр. млеко
- 1/4 квасец свеж
- 1/2 к.л шеќер
- 1 к.л сол
- 50 мл зејтин
- 550 гр. брашно Балвитен

Состојки
- доматно пире (разредено со вода)
- кашкавал
- сувомеснато по желба
- свежи шампињони
- оригано
Подготовка
Најпрво се ставаат водата, квасецот и шеќерот. Кога квасецот ќе накрени се додава млеко, масло и сол. Се додава брашното и се мати со миксер за тесто 5 мин. Се остава тестото да го дуплира својот волумен. Потоа се дели на топчиња од по 250 гр.
Секое тесто се премачкува со зејтин од двете страни и се витка во прозирна фолија. најдобро е тестото да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ .
Врз хартија за печење се посипува брашно и се развлекува тестото за пица. Врз тестото се премачкува со разреденото доматно пире , се става ренданиот кашкавал, шунка, печурки и оригано.
Се пече на максимална температура, времето на печење зависи од рерната. Најважно во печењето е најпрво да се печи пицата најдоле во рерната а потоа да се качи на највисоката решетка во рерната.
Добар апетит 💖