Брза Пита Без Глутен

Овој рецепт за брза пита без глутен е едноставен за подготовка и многу вкусен.
Пригответе го за појадок или вечера за вашето семејство.
Рецептот е со сирење и блитва/спанаќ но исто така може да се прави со шунка и кашкавал или додаток по ваша желба.
⏱Време на подготовка : 30 минути
🍴Сервирање : 4 лица
Потребни состојки
- 4 јајца
- 1 филџан зејтин
- 1 филџан кисело млеко
- 8 лажици супени Сенза брашно (без глутен)
- 8 лажици супени Палента (без глутен)
- 1 прашок за пециво
- 1 филџан дробено сирење
- 1/2 килограм блитва или спанаќ


Начин на подготовка
Се матат јајцата убаво со миксер и се додава: зејтин, кисело млеко, прашок за пециво, безглутенско брашно и безглутенска палента. Се меша сето со маталка или кратко со миксер и се додаваат сирењето и блитвата. Смесата се претура во плех во кој претходно сме ставиле хартија за печење.
Се става во загреана рерна на 200 степени да се печи. Се печи отприлика 20-тина минути во зависност од рерната.
Добар апетит 💖