Чизкејк Без Глутен

Чизкејк Без Глутен. Одличен десерт без печење.
Изненадете ги вашите најмили со едноставен за подготовка и вкусен чизкејк.
⏱Време на подготовка : 30 минути
🍴Сервирање : 12 парчиња
Потребни состојки за Чизкејк Без Глутен
Подлога
- 300 гр Безглутенски мелен кекс
- 100 гр путер/маргарин
- 3 лаж млеко
Фил
- 400 мл Хопла блага
- 100 гр Крем сир неутрален
- 100 гр Шекер во прaв
Прелив
- 400 гр. замрзнато овошје микс или по желба
- 150 гр шекер (може и по ваш вкус)
Начин на подготовка
Подлога
- Растопете го путерот и додадете млеко. Растопениот путер додадете го во мелениот кекс и промешајте добро. На мал калап за торта истурете ја смесата и формирајте ја подлогата.
Фил
- Изматете ја добро хоплата со миксер, додадете го крем сирот и продолжете со матење додека се соедини. Додадете го шекерот во прав и матете додека не се добие глатка смеса. Добиениот фил нанесете го врз подлогата од мелен кекс.
Прелив
- Ставете го во тенџере замрзнатото овошје заедно со шекерот и варете го додека не згусни. Оставете го да олади и потоа нанесето го врз филот.
Добар апетит 💖