Чоколадна Торта Без Глутен

Едноставна, брза за подготовка, сочна и вкусна чоколадна торта без глутен.
Има многу рецепти за чоколадни торти. Но овој рецепт навистина се издвојува од останатите.
⏱Време на подготовка : 40 минути
🍴Сервирање : 12 парчиња
Потребни состојки
Подлога
- 3 и 1/2 филџани за кафе – брашно Сенза (идеално за торти и колачи)
- 2 фил. шеќер
- 1 и 1/2 фил. какао
- 1 лажичка сол
- 4 јајца
- 1 и 1/2 фил. млеко
- 1 и 1/2 фил. вода
- 1/2 фил. зејтин
- 2 лаж ванилин шеќер
- 1 прашок за пециво
Прелив
- 200 мл Хопла слатка
- 2 бр. чоколадо за готвење
Начин на подготовка
Подлога
Сите наведени состојки за подлога се матат заедно со миксер да се добие изедначена смеса.
Калапот за торта се обложува со хартија за печење и смесата се истура внатре. Врз калапот повторно се става хартија за печење за да не загори тортата одозгора.
Се пече 30 – 35 мин зависно од рерната, на температура од 180 степени.
Прелив
На оган во тенџере се истура хоплта заедно со искршеното чоколадо. Се вари на тивко додека не се растопи чоколадата.
Топлиот прелив се полива врз изладената торта и се остава на ладно или во фрижидер за да се излади преливот.