Масленица Без Глутен

масленица без глутен

Масленица без глутен е вкусен рецепт кој не враќа во нашето детство. Безглутенската верзија е навистина одлична и вреди да се проба.

Пригответе го за појадок или вечера за вашето семејство.

Стандардно филот е со сирење и маслинки но исто така може да се прави со шунка и кашкавал или додаток по ваша желба.


⏱Време на подготовка : 60 минути

🍴Сервирање : 4 лица


Потребни состојки за масленица без глутен

brasno-bez-gluten
brasno-bez-gluten

Начин на подготовка

Најпрво се ставаат водата, квасецот и шеќерот. Кога квасецот ќе накрени се додава маслото и солта. Со миксер за тесто се мати и постепено се додава брашното да се добие средно меко тесто. Се остава тестото пола саат да одмори. Потоа се дели на два дела. Од двата дела на набрашнете површина се формираат две топчиња. Се расукуваат топчињата на набрашнета покривка колку големината на садот во кој ке печеме. Се става првата кора, филот па врз филот другата кора. Се попрскува убаво со зејтин и повторно се остава да кисне. Тестото пред печење може да се расечи на коцки.

Кога ќе биде искиснато, се става во загреана рерна на 230 степени да се печи. Се печи отприлика 20-30 минути во зависност од рерната.

Готовата Масленица се премачкува со мешавина од вода и зејтин.

Добар апетит 💖

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Shopping Cart