Крцкави Пилешки Прсти Без Глутен

Вкусни пилешки прсти без глутен. Изненадете ги вашите најмили.
Луѓето кој се хранат без глутен секогаш сакаат да ги доближат своите рецепти до оригиналните рецепти кои содржат глутен.
Затоа одлучив да ви го откривам мојот вкусен рецепт за оригинал крцкави пилешки прсти исти како во ресторан. А можеби и подобри😊.
⏱Време на подготовка : 30 минути
🍴Сервирање : 4 лица
Потребни состојки за пилешки прсти без глутен
- 2 бр пилешки стек
- Вегета
Смеса за панирање
- 1 јајце
- Брашно микс без глутен по потреба
- вода по потреба


Мешавина за валкање
Начин на подготовка
- Во сад за матење се крши едно јајце се додава водата и брашното. Се прави смеса малку потенка од смесата за палачинки.
- Стекот е најдобро да се подготви неколку часа претходно за да поприми од зачинот. Се сечи на тенки долгнавести парчиња, се зачинува со вегета и се попрскува со масло. Сето се меша добро да прими од зачинот и зејтинот.
- Сецканиот стек се додава во смесата за палачинки.
- Со оклагија кршиме од безглутенскиот двопек на што поситни парчиња. Во подлабок сад ја истураме безглутенската презла и кршениот двопек и ги промешуваме.
- Земаме едно по едно парче стек од смесата и ги валкаме во мешавината од презла и двопек.
- Се пржи во претходно добро загреано масло.
Добар апетит 💖