Пинерлии без Глутен

Пинерлии без Глутен

Пинерлии без глутен

Овој рецепт беше хит на социјалните мрежи. Поради тоа се одлучив да се обидам да го направам без глутен, не надевајќи се дека ќе направам пинерлии подобри дури од оние со глутен.

Рецептот ќе ве воодушеви.


⏱Време на подготовка : 150 минути

🍴Сервирање : 4 лица


Потребни состојки за пинерлии

  • 400 гр. брашно Сенза
  • 200 мл. топла вода
  • 70 мл кондензирано млеко
  • 50 мл масло
  • 1 сув квасец
  • 1 кафена лажица сол
  • 1/2 к. лаж шеќер
  • фил по желба
Безглутенско брашно

Начин на подготовка

Сите состојки заедно се мешаат со миксер најмалку 10 мин. Тестото се остава да надојди најмалку 1 час и 30 минути на топло.

Со намрсени раце се дели тестото на 2 дела и се формираат топчиња. Се расукува правоаголна кора, се премачкува со путер/маргарин и се става филот (сирење, кашкавал) по ваша желба. Замотајте во форма на ролат и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Повторете ја постапката со останатото тесто.

Исечете ги на парчиња и премачкајте ги со жолчка и сусам. Помеѓу засеците ставете парче путер/маргарин.

Покријте ги со крпа и оставете ги на топло уште 20 минути. Потоа печете на температура од 220 степени 20-25 минути.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Shopping Cart