Политика за приватност

Политика за приватност и заштита на личните податоци

 

Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите задачи и овластувања.

За заштита од неовластен пристап и користење на личните податоци на своите корисници и субјектите за кои чуваме/обработуваме податоците, друштвото ВЕКИПЛАСТ ДООЕЛ, ги презема сите потребни технички и организациски мерки, согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20) и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

Контролор/обработувач на личните податоци е ВЕКИПЛАСТ ДООЕЛ.

Личните податоци ги обработуваме во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

Личните податоци ги собираме за конкретни, јасни и законски утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Податоците кои се собираат се лични податоци:

  • на вработени лица;
  • на клиенти;
  • на посетители на нашата веб страна https://bezgluten.com.mk/

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна;
  • преку нашиот e-mail;
  • преку пошта;
  • телефон и
  • усмено.

Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.

Категории на податоци кои се обработуваат

  • Податоци за лична идентификација на вработени (име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ; трансакциска сметка, е-пошта, телефонски број, датум на раѓање…)
  • Лични податоци на клиенти (име и презиме, адреса на живеење, е-пошта,  телефонски број);

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:

  • сте ни дале согласност за обработката, која имате право да ја повлечете во било кое време; или обработката е неопходна за извршување на договор во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот; или
  • обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес, без да се наруши вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка;
  • обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (за што ќе Ве известиме пред обработката).

Пренесување на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас, на трети лица, освен во следните случаи:

  • по барање на орган на државна власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.
  • на други корисници врз основа на нивно барање (адвокати, нотари…), согласно закон.

Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката.

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на  следниве критериуми:

  • времетраење на договорот (доколку имате договор со нас);
  • времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба);
  • наши законски или договорни обврски.

Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони. Доколку имате договор со нас, Вашите лични податоци се чуваат најдолго 10 години по вашата последна активност.

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани дали се обработуваат ваши податоци и за какви цели, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат…);
  • право на пристап до личните податоци (имате право да барате информација за какви цели се обработуваат Вашите лични податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, предвидениот рок,…);
  • право на исправка и бришење на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
  • право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на Обработката на вашите лични податоци);
  • право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
  • право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).

Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:

  • електронски на следната адреса на електронско сандаче: info@bezluten.com.mk
  • пошта на адресата на Скопска бр.7, Кавадарци

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:

  • име и презиме на субјектот на лични податоци;
  • контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
  • барање со опис на барањето.

Ако сметате дека начинот на кој друштвото ВЕКИПЛАСТ ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап како и од нивна злоупотреба, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област.

Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.

ВЕКИПЛАСТ  ДООЕЛ,
13,март.2022

Shopping Cart